Лукашенко: Ќе биде катастрофа ако нè нема 20 милиони, сè што правиме, правиме за децата

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко кажа денес дека таа држава би можела да се соочи со катастрофа доколку не се реши демографскиот проблем, односно доколку бројот на жители не достигне 20 милиони. Во Белорусија во моментов живеат помалку од 10 милиони луѓе.

„Најголемиот проблем во земјата е демографскиот. Поради тоа сè што правиме, правиме за децата. Ќе биде катастрофа доколку нашата популација не порасне. Што се 9,5 или 10 милиони луѓе? Ништо. Во првата етапа ќе ни биде потребно да имаме 15, а потоа да достигнеме до 20 милиони. Тоа би бил некој европски просек“, порача Лукашенко.

Тој истакна дека нема да има укинувања на детските додатоци.

„Никакви финансиски кастрења нема да има кога се во прашање децата. Немало збор за намалување или укинување на породилното отсуство, не грижете се“, истакна Лукашенко.