Огнена топка над САД, теоретичарите на заговор убедени дека се вонземјани (ВИДЕО)

Видеото кое покажува огнена топка како лета на небото над Западна Вирџинија во САД привлече големо внимание од корисниците на социјалните мрежи.

Како што дошле снимките, некои помислиле дека станува збор за неидентификуван летечки објект (НЛО), а на нив им се придружил и „ловецот на вонземјани“ Скот Воринг.

Велејќи дека во тој период не бил забележан, пријавен или најавен напад на метеор, Воринг се сомнева дека станува збор за НЛО што се обидува да се врати во најблиската база „бидејќи бродот бil многу оштетен“.

– Базата за вонземјани е веројатно под планината во Западна Вирџинија. Како паѓа нешто толку големо и не погодува ништо? Невозможното станува возможно пред нашите очи. НЛО слета безбедно, но едвај стигна до базата – тврди Воринг, пренесува Спутник.

Се разбира, имаше луѓе кои воопшто не се согласуваа со оваа претпоставка. Еден од корисниците на социјалните мрежи истакна дека всушност станува збор за авион кој летал на надморска височина од 9000 метри, и дека сонцето грее на него, а потоа таа светлина се прелеа во нешто како опашката на кометата.