Дејан Кулушевски е вистински џентлмен: Додека неговата девојка Елдина слика, тој држи кеси во раце! (ФОТО)

Ѕвездата на фудбалскиот клуб „Јувентус“, Македонецот Дејан Кулушевски во последно време е сè повеќе активен на социјалните мрежи, каде најчесто објавува фотографии и видеа од теренот, но и со неговата девојка Елдина Ахмиќ.

Овојпат Елдина на својот инстаграм – профил сподели интересна фотографија од нив двајца во шопинг. Се разбира и двајцата носеа заштитни маски, почитувајќи ги здравствените протоколи.

А дека Дејан е вистински џентлмен говори и фактот што додека Елдина слика со мобилниот телефон, тој ги држи кесите во раце…

Instagram
Instagram

Инаку Дејан и Елдина се неколку години во љубовна врска, односно уште пред Кулушевскида стане  еден од најдобрите млади фудбалери на денешницата. Од нивните фотографии на социјалните мрежи може да се забележи дека тие неколку пати престојувале во нашата земја, поточно во Охрид.