Пратеник покажа дека и кока колата е позитивна на коронавирус (ВИДЕО)

Австриски пратеник сакајќи да покаже колку се бескорисни брзите тестови среде парламентарна расправа направи необичен експеримент – брз антигенски тест за коронавирус , а за тестирање искористи кока кола.

Тестот покажа дека кока колата во шишето е позитивна на коронавирус.

„Господине претседател, имаме проблем. Имаме корона во парламентот“, рече тој обраќајќи му се на претседателот на Националниот совет.

Брзите тестови, како што јавуваат тамошните медиуми, чинеле 67 милиони евра.