Најстар народен лек: 5 причини зошто секоја вечер треба да испиете шолја чај од камилица

За некои чаеви се верува дека содржат магични својства, а чајот од камилица би можел навистина да биде еден од таквите.

Чајот од камилица е добар за решавање на цел спектар проблеми, од подобрување на сонот до дигестивни проблеми, а наводно игра заштитна улога и кога е во прашање здравјето на срцето.

Цветовите на оваа билка содржат флавоноиди и антиоксиданси, а кога ќе се исушат, можат да се користат како природен растителен лек. Еве кои се најпознатите здравствени придобивки од чајот од камилица:

Анксиозност
Голем е бројот на луѓе кои (особено денес) патат од анксиозност, која се смета за најчест ментален проблем во светот. За некои луѓе, лекувањето со лекови не секогаш е најдобра опција, но за среќа постојат многу алтернативни решенија кои вреди да се испробаат. Чајот од камилица е познат по тоа што ги олеснува симптомите така што смирува и поттикнува поквалитетен сон. Добро е да се знае дека тој не делува исто на секого, па затоа доколку патите од анксиозност или депресија, консултирајте се со вашиот лекар.

Подобар сон
Една шолја чај од камилица пред спиење и не е некоја нова навика. Всушност, веќе долги години се смета дека овој чај им помага на луѓето кои патат од несоница. Смирувачкиот ефект е заслуга на антиоксидансот апигенин кој поврзува одредени рецептори во мозокот, кои го намалуваат чувството на анксиозност и го поттикнуваат сонот.

Дигестивни тегоби
Чајот од камилица содржи антивоспалителни својства и делува против грчеви, односно ги смирува дигестивните тегоби. Една шолја чај од камилица може да ги ублажи и менструалните грчеви и надуеноста.

Подобро здравје на срцето
Антиоксидансите кои се наоѓаат во овој чај можат да ги намалат шансите за развивање на болести на срцето. Врз основа на спроведени студии, се верува дека антиоксидансите од чајот од камилица го регулираат крвниот притисок и холестеролот. Бидејќи камилицата помага во справување со стресот, поттикнува подобар сон и ги опушта крвните садови, со редовното консумирање на овој чај можете да го контролирате крвниот притисок. Иако чајот од камилица може да помогне во многу ситуации, тој може и да го зголеми ризикот од крварење кај лица кои користат лекови за разредување на крвта.

Шеќер во крвта
Група научници од Иран откриваат дека овој напиток може да влијае на намалување на нивото на шеќер во крвта, што секако е важно за сите кои имаат срцева болест.

Камилицата содржи антиоксиданс наречен кверцетин кој има влијание на одредени ензими кои играат важна улога кај дијабетесот. Иако е потребно да се спроведат уште истражувања, една мала студија во која учествувале 64 испитаници со дијабетес тип 3 на возраст од 30 до 60 години покажала дека овој чај го намалува нивото на шеќер во крвта.

Половина од групата пиела чај од камилица 8 дена со секој оброк, додека останатите пиеле вода. Групата која пиела чај имала значително пониско ниво на шеќер во крвта од другите испитаници.

Контраиндикации: Најчестите нуспојави од чајот од камилица вклучуваат алергиска реакција, повраќање и иритација на очите. Ако планирате да го вклучите чајот од камилица во својата дневна рутина, најпрвин консултирајте се со вашиот матичен лекар.