Хабиб: Немам намера веќе да се борам, купив овци, сакам да магистрирам и да живеам на село

Хабиб Нурмагомедов вели дека нема да си го погази зборот, ја заврши ММА кариерата и сега сака да им се посвети на студиите и да својата фарма.

Хабиб со 29 победи и без пораз ја заврши кариерата, се појавија гласини дека тој ќе се врати за барем уште еден меч бидејќи желба на татко му беше да се пензионира со 30 победи.

Но, тој ја отфрла таа можност, вели дека сака да се посвети на други работи во животот, веќе нема интерес да се бори.

„Можете да се борите и до 40 години но треба да имате цел. Јас имав цел и ја исполнив. Немам веќе интерес да се борам. Следната година ќе дипломирам, би сакал да се надградувам, да одам и на магистерски студии, да посветам повеќе време на тоа. Купив овци, имам своја фарма, би сакал да го развивам тоа. Имам бикови, имам крави“, изјави Хабиб.