Поларен бран доаѓа на Балканот: Температурите се спуштаат под -10 степени

Поларниот бран кој се спушта од Арктикот, од утре, особено попладне и навечер го зафаќа ццелиот Балкански Полуостров и насекаде ќе донесе зимски температури на воздухот а во делови од Босна, Хрватска, Црна Гора и западните предели на Србија ќе го донесе и првиот снег и на пониските места.

Сето ова ќе биде проследено и со силен, до олуен ветер од северен и од североисточен правец, додека на Јадранот олујна до орканска бура која може да прави и проблеми.

Наутро ширум Балканот температурите на воздухот ќе се спуштаат и под -10 степени.

Во Македонија како што веќе најавивме, услови за слабо и локално провејување на снег ќе има особено на планинските места. Максималните дневни температури за време на викендот ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 11 степени, додека наутро насекаде температурите на воздухот ќе се спуштаат под нулата и истите ќе бидат во интервалот од -8 до 0 степени, сепак особено во Беровскиот регион истите има услови да се спуштат и до околу -10 степени.

Да напоменеме дека температурите на воздухот кој се очекуваат ќе бидат под просекот, односно ќе биде невообичано студено за ноември месец.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука