80-годишна баба се омажила за својот 35 годишен љубовник од Египет (ФОТО)

Мохамед Ахмед Ибрахим (35) ја освоил британската баба Ирис Џонс (80).

Пензионираната Ирис Џонс, која ја шокирала јавноста споделувајќи експлицитни детали од својот сексуален живот со својот египетски љубовник, неодамна се омажила.

Мохамед Ахмед Ибрахим ја освоил британската баба Ирис Џонс, кога се сретнале на Фејсбук минатата година, а таа отпатувала во Египет да биде со него. Парот шокирал многумина на почетокот на на оваа година откако признал дека нивниот прв секс бил проследен со болки во карлицата.

Парот сега е официјално венчан, а Мохамед открил: “Не сакам ни државјанство ни пари, ми се допаѓа вака, и фала му на Бога, имам свои пари”. Се верува дека венчавката се одржала во Египет и дека Ирис преминала во ислам. Прв пат започнала разговор со Мохамед, кој е роден во Каиро, минатото лето кога го истражувала атеизмот на група на Фејсбук.

На почетокот и изјавил љубов преку социјалните мрежи, а потоа рекол дека неговите чувства се потврдиле кога прв пат ја видел Ирис на аеродром во Каиро минатиот ноември.

“Бев многу нервозен, но кога ја видов, знаев дека тоа е вистинска љубов. Јас сум пресреќен човек што најдов ваква жена”, рекол тој. Мохамед претходно работел како електричар, но се откажал од работата за да минува време со Ирис кога таа дошла во Каиро. Живее во трособна куќа со родителите, двете сестри и братот кои се помлади од него, но секогаш жестокот демантирал дека е со Ирис поради нејзините пари или британското државјанство. Ирис, поранешна куќна помошничка, живее во куќа вредна 220.000 милиони фунти, зема висока пензија, и плус инвалидска пензија од 200 фунти неделно.

“Не ме интересира каде живееме ни колку е богата или сиромашна, само сакам да бидам со неа. Знам дека Британија е прекрасна земја и дека многу луѓе сакаат да одат таму, но јас сум подготвен да живеам со неа било каде во светот”, објаснил Мохамед. Тој окрил дека во текот на посетата на Египет ја одвел Ирис дома на вечера, каде минала време со неговата мајка.

“Ирис многу и се допадна на мојата мајка и добро се согласуваа, иако имаше јазични проблеми. Мајка ми ми кажа дека ако сум јас среќен, тогаш и таа е среќна. Тоа е се што сака мојата мајка”, тврди Мохамед.

Ирис се развела од својот поранешен сопруг пред повеќе од 40 години и успеала да заштеди пари.

Врската со новиот сопружник привлекла внимание во јавноста кога Ирис во емисијата “ITV This Morning” зборувала за големата разлика во години меѓу неа и нејзиниот партнер, а исто така открила и детали од својот сексуален живот.

“Првата ноќ беше прилично тешка. Никој не беше околу мене добри 35 години…Мислев дека сум повторно невина”, рекла таа.