Зоран Витанов: Љубе Бошкоски и кадрите на ДУИ не знаат да донесат инвестиции

Ако Бугарија размислува економонски, не треба да ја спречи Македонија на патот кон Европската унија – дециден е бизнисменот Зоран Витанов. Смета дека политичарите треба во фокусот да ја имаат економијата кога донесуваат ригорозни одлуки. Витанов вели, и Бугарија има многу што да изгуби на економски план, ако ја блокира Македонија. Според него, земјава веќе три децении е навикната на разни блокади, ембарга и секакви пречки, но секогаш успеала да ги надмине.

Бројни се критиките на бизнисмените откако јапонската компанија „Нидек“ одлучи да отвори фабрика во Србија. Македонија често останува заобиколена од странските инвеститори. Според Витанов, во Владата нема кадри кои можат да ја спроведат економската агенда. Ниту министрите и директорите на ДУИ кои 20-тина години не се интересираа за економија, а сега се главни на бројни економски ресори, ниту пак, советникот Љубе Бошковски, кој треба да привлекува странски инвеститори. Вели, бизнисот реагира позитивно кога ќе препознае економија, а не политиканство.

Инаку бизнисот остро реагираше на доцнењето при носење на ребалансот на буџетот и 4-тиот пакет мерки. УЈП го пролонгирав рокот за аплицирање за субвенции за плати само до 10-ти ноември. Компаниите се жалат дека имаат само два дена да поднесат барања, па платите на над 100 илјади работници во ноември ќе доцнат.

Тања Попова за Алфа