Во Белгија уапсени двајца малолетници кои планирале терористички напад

Белгиски федерални обвинители уапсиле две малолетни лица под сомнение дека планирале терористички напад, пренесува Гардијан.

Осомничените 16-годишник и 17-годишник се уапсени на 31 октомври по рациите во градовите Еупен и Ла Каламин, лоцирани во регионот Лиеж. Обвинителството соопшти дека се осомничени за „обид за терористичко убиство и учество во терористичка организација”.

Дверте момчиња планирале напад врз полицаец. Пред да бидат осомничени, тие снимиле и видео во кое се заколнуваат на верност кон Исламската држава.

Тие биле уапсени пред терористичкиот напад во Виена овој понеделник кога беа убиени четири лица. Двајцата осомничени се однесени во притворен центар за млади.

Пред четири години, во координирани напади во Брисел биле убиени 32 лица, а од тогаш белгиската полиција имала повеќе акции со помош на кои спречиле терористички напади.