Македонскиот амбасадор во Берлин сликан со албанско знаме

Која држава ја претставува амбасадорот на Република Македонија во Германија. Скандалозна фотографија се шири по социјалните мрежи на која се гледа Рамадан Назифи фотографиран со албанско знаме.

На фотографијат се гледаат и амбасадорите на Косово, Албанија со Албанско знаме во Берлин, можеби се договориле за Голема Албанија, кој знае…

Ова не е единствен скандал во кој се споменува името на Назифи. Имено доколку ви треба услуга во македонската амбасада во Берлин, мора да го познавате албанскиот јазик, бидејќи вработените не знаеле да говорат на македонски, тврдат на социјалните мрежи нашинци од Германија. Во статус на Фејсбук, Македонка Димитрова вели со цел да се разбере понудила да зборува на уште три јазици, но вработените го познавале само албанскиот јазик.

-Да прашам нешто… на бројот од Амбасадата на Македонија во Германија се јавува лице кое зборува само албански. Не знам албански, па предложив англиски, турски или француски да зборуваме, толку јас знам… но нашата администрација не знаеше ниту еден јазик од понудените, ниту мојот мајчин јазик?! Што да се прави кога имате итна ситуација во Германија?, прашува Димитрова на Фејсбук.

izvor: infomax.mk