Пентагон: Најдовме остатоци од летало кое не е од Земјата (ВИДЕО)

Вашингтон веќе со години има тајна единица за истражување на неидентификувани летечки објекти (НЛО), а наскоро ќе биде објавено тоа што досега е откриено.

Според неодамнешниот извештај на „Њујорк Тајмс“, Пентагон веќе 10 години наназад анализира најразлични средби помеѓу американските пилоти од воената авијација и неидентификувани летала.

Иако главниот штаб на Министерството за одбрана на САД неодамна објави дека тајната програма е распуштена, извештај претставен во Сенатот минатиот месец откри дека е потрошена одредена сума на пари за програма наречена „Неидентификуван воздушен феномен“.

Сега се очекува таа тајна работна група да ги објави новите информации кои би можеле да ги опфатат леталата направени од материјали кои не се од оваа планета, пренесува „Њујорк Тајмс“.

Во текот на изминатите неколку години, американската влада објави снимки на средби со „неидентификувани воздушни појави“, а во април Пентагон прикажа записи од 2004-та и 2015-та година на кои се прикажани предмети во облик на чинија.

Видео снимките познати под називот “FLIR1”, “Gimbal” и “GoFast” првобитно беа објавени од страна на „Њујорк Тајмс“, а во декември 2017-та година „Фокс“ пренесе дека Пентагон отвориле тајна програма за истражување на НЛО на барање на поранешниот сенатор Хари Рид од Невада.

Иако Пентагон тврдеше дека е распуштена тајната програма уште во 2012-та година, се чини дека програмата е само преместена и преименувана.