Престрелка во скопско, еден мртов, тројца повредени

Еден мртов, тројца повредени еден во бегство е билансот од престрелката која се случила во двор на чајџилница во селото Црн Врв. Група од неколкумина од село Батинци, предводена од повратник од Италија кој од поодамна и е познат на полицијата нападнала друга група која седела во чајџилницата.

Според информациите на Телма подолг период повратникот од Италија Н.З. кој сега е во бегство се обидувал да изнуди пари од групата од селото Црн Врв.

Вчера дознал дека тие се во чајџилница и заедно со својот брат, братучед и неколкумина роднини се упатиле кон селото. Вооружени со пиштоли и ножеви ги нападнале, но во престрелката и тепачката настрадал неговиот 29-годишен братучед кој со тешки повреди од нож бил однесен во градската болница Св. Наум Охридски каде за кусо време починал.

Со тешки повреди од огнено оружје но и нож се уште тројца од групата. Во бегство е иницијаторот на инцидентот, а полицијата цела ноќ вршела претрес и трагала по него.

извор: ТЕЛЕВИЗИЈА ТЕЛМА