Скопје има нова населба со име на борец од УЧК, нема рекација од надлежните, чутат и „врескалата“ кои ги напаѓаа луѓето што се причестуваа (ВИДЕО)

Табла со името „Арбен Бајрами“ деновиве беше поставена во Долно Оризари – Скопје. Како што пренесува порталот на албански јазик „Ина онлајн“, таблата била поставена по иницијатива на граѓаните.

„Вечерва беше инаугурирана населбата „Арбен Бајрами“, името на националниот херој кој беше подмолно убиен од македонската полиција во војната во 2001 година, пишува порталот.

Се додава дека граѓаните со свои пари ја направиле таблата во соседството каде што растел.

Населбата беше свечено „отворена“

Таблата е таму веќе неколку дена, а досега нема никаква реакција од Град Скопје и од надлежните. Нема реакција ниту од дежурните „врескала“ кои цел месец не затворија уста во нападите врз луѓето што се причестуваа и беа учесници на литијата во Струга и покрај тоа што сега веќе е повеќе од јано дека ниту при причесната, ниту при литијата нема новозаразени.