Тие би биле среќни илјадници да се заразат само за да можат да плукаат врз православието

На оние што најмногу молчат кога во државата се случуваат и се случуваа разноразни криминали, предавства и слично најмногу им засмета причесната и литијата.

А тоа се истите они комунисти или деца на тие комунисти, а сегашни ултралиберали и еврофанатици, поданици на секоја сила, верни слуги на секоја власт, кои не се противат на посилниот но затоа при најмала можна прилика се нафрлаат врз послабиот, врз помирниот. Се повикуваат на ЕУ, а малку знаат дека Конрад Аденауер, Роберт Шуман и Алчиде Де Гаспери (основачите на Европската Унија) ја втемелиле европската творба врз демо-христијанските вредности.

Тие такви квазиинтелктуалци меѓу кои има секакви од познати новинари, професори и политичари,  до разноразни „експерти за се“ свето огромно „интелектуално богаство“, го стекнале и го стекнуваат читајќи статуси на Фејсбук или статии на некои портали раководени од личности со сомнително психичко здравје и уште посомнителен морал. И се разбира со гледање на дебатни емисии на нашите телевизии кои доколку ги пратите редовно, неизбежно е да си го нарушите своето психичко здравје.

Е баш тие „експерти“ најжестоко ги нападнаа верниците кои се причестуваа, се разбира без претходно и да знаат или да прочитаат што е тоа причест и колкаво значење за православниот верник има истата. Но всушност зошто да читаат, суетен човек не чита тој се знае, зошто не постои тој за светот, туку светот за него.

Ги навредуваа верниците зошто се причестуваат од едно исто лажиче, смислија и нов термин „лажичето“, и чекаа. Чекаа тие полуписмени интелектуалци за кои плукањето е врвна интелектуална дејност, да преку тоа лажиче за причест се прошири коронавирусот, за тие барем еднаш да бидат во право.

И се разбира тоа не се случи, немаше новозаразени од причестата како што впрочем и никогаш тоа не се случило. Не постои некој пишан документ или па јас не сум сретнал дека некогаш и некаде се проширила зараза преку причестата. Такво нешто несретнав ни во бројните колумни, коментари и слично во кои се коментираше поточно навредуваше причестувањето на верниците.

Со мали исклучоци таму имаше само навреди и плукање, како на пример „кој век сме сите да сркаат од едно лажице“, а ако беа малку пообразовани и помалку суетни, а не толку прости (според мене прости се оние луѓе кои коментираат и го работат она за што немааат никаво познавање и образование без разлика на нивниот општествен стаус и образование) ќе знаеа дека така било од секогаш и така ќе биде секогаш дури постои светот.

Според православното учење Причестата е Света тајна во која верниот, во вид на леб и вино ги вкусува самото Тело и Крв Христови за добивање на вечен Живот. Господ Исус Христос пред самото Свое страдање ја извршил за првпат, на тој начин прелиминарно претставувајќи во неа живо изобразување на Своите спасителни страдања. Причестувајќи ги апостолите Тој им дал заповед секогаш да ја извршуваат таа Света тајна и поради тоа не постои поинаков начин православните верници да се причестуваат од оној како што би рекле нашите „експерти за секоја тема“ со лажичето.

Тоа што некој повикува на општествена одговорност и што на причестата гледа како на супа која се срка со лажиче не е никаков проблем и не треба да биде, затоа што слободата на секој човек е неприкосновено право. Всушност и според православието можноста за слободен избор е нешто дадено од Бога и како такво никој никому не треба да му го одземе.

Проблемот е таа огромна потреба да се плука и навредува на секој кој што мисли поинаку од овие квазиинтелектуалци, се повикуваат на демократија а очигледно се најголеми непријатели на истата.

Проблем се и лажните информации. А една таква ко за чудо со обиде да пршири и министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски кој важи за учтив човек. Тој во гостување на една телевизија  рече дека најголемиот број на новозаразени доаѓаат од литијата во Струга и ифтарските вечери.

-Оваа Влада добро се справи со Ковид 19, а секако дека клучно ни беше дневното информирање кое го правеа здравствените работници, а клучна улога одиграа и медиумите во пренесување на мерките кои треба да се почитуваат. Меѓу првите воведовме рестрикции, препораки. Од друга страна, МВР – конкретно техничкиот министер Чулев самиот изјавува на медиумите дека не сака да казнува. А знаеме дека новозаразените луѓе доаѓаат од литијата во Струга, ифтарските вечери, прославата на полицијата, а немаме инфо дека е превземено било што, дали внатрешната контрола постапува, немаме изречени санкции, рече Манчевски

Бројките на владиниот сајт koronavirus.gov.mk  го демантираат

Со оглед на тоа литијата беше само во Струга лесно може да се проверат податоците.

Имено, на владиниот сајт koronavirus.gov.mk може лесно да се забележи дека во овој момент, во целиот регион на Струга има само 5 активни случаи на пациенти кај кои сѐ уште е присутен вирусот. Од друга страна, литијата се одржа на 7 мај, значи пред 14 дена, а до сега, инкубацијата веќе би требало да е помината, па доколку се правеа тестови, до сега веројатно ќе имаше повеќе од 5 случаи.

И уште потрагично е што сите овие „експерти за се“ чутат, при очи се слепи при уши се глуви кога полицискиот час не се почитува во цели населби и градови.

Но одсекогаш било најлесно да се напаѓа православието така било и за османлиското ропство, кумунизмот така е и денес, и глеј чудо се поминало и завршило а православието и православните сеуште ги има и се причестуваат како што се причестувале одсекогаш.

М.М