Полицискиот час од 11:00 часот во недела до вторник до 05:00 часот

Tехничкиот премиер Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил објави дека за овој викенд се забранува движењето на сите граѓани на целата територија на државата почнувајќи од недела, во 11:00 часот до вторник, до 05:00 часот.

„Следејќи ја моменталната епидемиолошка состојба со ковид-19, како и препораките на Комисијата за заразни болести, на денешната владина седница донесовме одлука за зголемена рестрикција на движењето на граѓаните за време на претстојниот празничен викенд“, истакна Спасовски.

Тој посочи дека во сабота, на 23 мај, забраната за движење останува иста како и за сите други денови, од 19:00 часот до 05:00 часот наутро