Шестмесечно бебе победило коронавирус (ВИДЕО)

Бебето било примено во болницата во Ливерпул пред две недели и било споено со кислород. Набргу после тоа, пристигнале наодите кои откриле дека е заразена со ковид-19. Лекарите и дале мала шанса да заздрави додека се опоравувала од операцијата на срцето. Нејзиниот татко објавил фотографија од својата ќерка од болнички кревет за да ги предупредува луѓето да ја почитуваат социјалната далечина и да останат дома.

Ерин го победи вирусот. Таа се насмевнува и гуга“, напишал нејзиниот татко Вејн, а среќна е и мајката.

„Ние сме горди. Толку малечка, а таков борец “, додала таа.

Персоналот во болницата и одал почест на малата Ерин откако излегле од просторијата за изолација со голем аплауз што се слушал низ ходниците, додека ја превезувале во одделот каде ќе помине уште некое време.