Супермајка за време на коронавирусот го родила 22-то дете (ФОТО)

Сју Редфорд и нејзиниот сопруг Ноел од Ланкашир го прошириле семејството за уште еден член – девојче тешко 3,1 килограм.

Родителите во најголемото британско семејство, кои инаку сами се издржуваат и имаат своја пекара, допрва треба да и дадат име на својата 11-та ќерка.

Пораѓањето траело 10 часа, а Сју рекла многу се исплашила кога отишла во болница поради пандемијата со коронавирусот.


“Мислев дека на мојот сопруг нема да му дозволат да дојде во болница. Бев многу исплашена бидејќи бевме во изолација и се плашев што може да се случи кога ќе излеземе од дома”, рекла таа, пренесува “The Sun”.

Додала дека стравот исчезнал кога пристигнала во болницата.

Тоа ми беше најчудното породување досега, но на крајот, би рекла дека тоа беше и моето најдобро искуство досега”, истакнала таа, и додала дека се уште не одлучиле како ќе се вика девојчето, како и дека сега поради пандемијата, не можат да ја пријават.

Сју, која во бременост минала повеќе од 800 недели од животот, се заколнала дека ова ќе биде последното нејзино бебе – но истото го кажала неколку пати досега, наведуваат медиумите.


Сју прв пат останала бремена на 14 години и нивниот прв син сега има 30 години и две деца. Најстарата ќерка има 26 години и три деца.

Освен двете најстари деца, кои се осамостоиле, Сју и Ноел сега се дома со 20 деца. Секојдневно машината за перење ја пуштаат 9 пати, а месечно трошат по 30 шишенца течен детергент.