Почна да мироточи иконата на Св. Гаврил Светогорец Лесновски (ВИДЕО)

Отецот Гаврил бил роден како Мијалче Парнаџиев во 1926 година во Штип, каде завршил гимназија. Дипломирал во 1955 година на Факултетот за ликовни уметности во Белгради Богословскиот факултет во Скопје.

Парнаџиев работел како професор по уметност и историја на уметноста во гимназијата и Учителската школа во Штип. Во 1963 година ја оставаил световната служба и заминал на Света Гора, каде што се здобил со големо аскетско искуство. Таму бил замонашен во манастирот Свети Павле со монашко име, отец Гаврил.

Во Македонија се вратил 1971 година каде престојувал во повеќе манастири. Во декември 1975 г. бил назначен за игумен на Лесновскиот манастир. На 28 август на празникот Успение на Пресвета Богородица во 1989 година бил хиротонисан за епископ со титулата „Велички“. Кон крајот на мај 2017 година од страна на МПЦ-ОА бил прогласен за светец[1].

Познат како редок испосник и подвижник, со епитет „ангел во тело“, но и како автор на повеќе поетски и прозни творби, пишувани на духовни теми, меѓу кои: „Стихозбирка“ (1975); „Света Гора – небесна земја“ (1978); „Пред најголемиот јубилеј на човекот“ (1980); „Правила и одредби на Православната црква за постот“ (1994); „Отец Херувим“ (1997). Гаврил Светогорец (роден на 10 март 1926 во Штип – починал на 12 јануари 1990 во Лесновски манастир) — македонски светец и епископ.