Научниците предупредуваат: Коронавирусот е само прва во низата пандемии што нè очекуваат!

Дури и кога ќе успееме да го запреме ширењето на коронавирусот, ќе мораме да се позабавиме со подготовките за следната глобална зараза, тврдат стручњаците за зачувување на животната средина. Тие предупредуваат дека коронавирусот нема да биде последната пандемија што ќе го снајде човештвото ако продолжиме да го занемариме влијанието кое уништувањето на природата го има на ширењето на заразните болести.

„Во целост сум сигурен дека вакви болести ќе има и во иднина, ако продолжиме да ја уништуваме природата, да ги сечеме шумите и да ловиме диви животни од кои било причини“, порачува за Индепендент Енрик Сала, морски еколог и припадник на проектот на Национална географија, „Кампања за природата“.

Со сечата на прашумите ослободуваме патогени на кои досега не сме биле изложени

Властите во Кина ја забранија употребата и одгледувањето на дивите животни откако епидемијата зема замав. И покрај тоа, стручњаците истакнуваат дека вистинскиот проблем е постојаното уништување на екосистемот, поради што сме сè почесто во близок контакт со овие животни.

Значи, штетата не ја правиме само со ловот, туку и со сечењето на шумите и уништувањето на природните живеалишта поради рударството.

Така 17 проценти од амазонската прашума се разорени во последните 50 години. Животните се непресушен извор на патогени, а на многу од нив никогаш досега не сме биле изложени.

Епидемиите на ХИВ и ебола се последица од лов на мајмуни, додека МЕРС и САРС, исто како и Ковид-19 потекнале од пазарите за жива роба.

Еднаш кога патогенот ќе помине од животното на човекот, има можност исклучително брзо да се рашири по планетата благодарение на авионскиот транспорт.

Единствен начин да се предупредат понатамошните биолошки катастрофи во овој поглед е да се подигне свеста за опасноста што ја претставува примената на дивите животни во исхраната, но и да се врши ригорозна регулација на трговијата со такво месо.

Фрламе една третина од храната што ја произведуваме
Стручњаците истекнуваат дека е неопходно да се пронајде алтернатива за населението кое зависи од трговија со месо од диви животни. Власта во секоја земја е должна да ја заштити природата во своите граници, но и да ја регулира или целосно да ја забрани ловот на дивите животни.

Произведуваме доволно храна за 10 милијарди луѓе, а дури една третина од тоа го фрламе, што е само по себе проблематично, а би можело да реши многу работи.

Голем предизвик се и климатските промени
На вирусите им годат високите температури, па борбата против глобалното затоплување претставува фронт на кој не смееме да попуштиме. Како пример ќе ја наведеме маларијата, која денес во Кенија може да се пронајде во планинските предели во кои досега не била присутна, бидејќи тамошните температури биле пониски.

Се очекува дека светската популација до 2050 година ќе ја достигне бројката од 9,7 милијарди луѓе.

Ако се земе предвид порастот на населението, нарушувањето на биодиверзитетот и потрагата по извори на храна, само прашање е кога пандемиите повторно ќе се случуваат.

Дури и кога ќе го запреме ширењето на коронавирусот, ќе мора да се позабавиме со подготовка за следната глобална зараза.