Осмо светско чудо: Црквата во Етиопија која пропаднала во земја

На ова подрачје има вкупно 11 црква направени од карпи кои се наоѓаат на листата на Светски наследства на УНЕСКО, но токму оваа се смета за најпозната.

Црквата Свети Ѓорѓи во Лалибела во Етиопија често се нарекува осмо светско чудо. Станува збор за монолитна црква и место за причестување за верниците од Етиопската православна тевахедо црква во регионот Амхара, која е направена од седиментни карпи од Вулканско потекло.

Иако на прв поглед изгледа како да пропаднала во земја, всушност е правена насока од горе надолу. Димензиите на комплексот се 25 х 25 х 30 метри.

Нејзината изградба ја нарачал етиопскиот крал Гебре Месксел Лалибела од династијата Загај кон крајот на 12-тиот век, бидејќи сакал да создаде нов Ерусалим.

Ако ги гледате фотографиите на црквата од воздух, ќе ви се чини дека е невозможно да се влезе во неа.

Но, не грижете се, во близина е направен кањон кој се претвора во тунел, а тој води до црквата.

Во црквата се наоѓа едноставен олтар посветен на Свети Ѓорѓи и реплика на Заветниот ковчег во кој се наоѓале камени плочи со Десетте заповеди.