Изгребан автомобилот на пратеничката Емилија Александрова

Автомобилот на пратеничката Емилија Александрова, која е дел од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ било изгребано на паркингот кај Собрание.

Инцидентот се случил додека таа била во Собранието, чекајќи да почне седницата за Законот за ЈО.

Пратеничката вели дека не знае кој и го оштетил автомобилот, но случајот го пријавила во МВР.