Итно да се забранат канцерогените фискални сметки бараат сметководителите

Алармираат дека хартијата која се употребува за сметките содржи хемиска материја Бисфенол А или БПА која предизвикува срцеви заболувања, дијабетес, неплодност, рак на простата, хормонски и ендокринолошки заболувања, а претставвуа и голем ризик за здравјето на децата.

Истата материја освен на фискалните утврдена е и кај броевите кои ги земаат граѓаните за ред на шалтери во институциите, како и на фискалните ролни во големопродажба.

„Бисфенолот А е една од најкомерцијално достапните хемикалии што се користат во производството на термичка хартија како развивач на бои. Согласно истражувањата, концентрацијата на бисфенол А во фискалните сметки е до 40 пати поголема од дозволената и се движела од 0,62 до 0,91 отсто, а според стандардите дозволено е само 0,02 отсто“, велат од Комората на сметководители при ССК.

Засега во ЕУ забраната подразбира само нејзино исклучување од термичка хартија, односно дека не смее да биде повеќе од 0,02 проценти.“

Швајцарија е првата земја во светот која ја воведе оваа забрана. Во сите земји од ЕУ се применува од почетокот на оваа година, а Србија е прва од соседствто која ќе ја почитува забраната, кај нив ќе стартува од јули.

Повеќе на Канал 5