Видео: Продавачка нокаутира комунална полицајка во Белград

Продавачка на улица, во близина на пазар во Белград, нокаутираше припадничка на Комуналната милиција.

На интернет се појави снимката од инцидентот, на која се гледа моментот кога жената која влече куфери по скали, се врти и ја удира полицајката со тупаница. Таа била фатена дека продавала без дозвола, па во обидот да побегне, ја нокаутираше комуналната полицајка.