Магистер по право одгледува 300 овци

Снежана Анокич Рогало е образован овчар во Хрватска. Таа е Магистер по право, зборува италијански и е професионален возач на А, Б, Ц и Д категорија.

Сепак, со сопругот Дарко во последните неколку години се посветени на овците и својата фарма во Доброгошче, село со пет куќи и тринаесет жители, на десет километри од Чаглин.

„Јас можам да изберам каде да живеам и што ќе правам во животот. Сакам да уживам во природата и да бидам свој шеф”, вели Снежана.

Таа како 19-годишно девојче доаѓа во Италија, додека семејството е во областа Ѓаково. Во годините кои следеле таа студира на Правниот факултет во Осиек, и се запознава со нејзиниот иден сопруг.

Во Доброгошче, Снежана и Дарко имаат 27 хектари земјиште на кои пасат 300 овци и јагниња. Немаат проблеми со продажбата. Таа денес својата иднина ја гледа на фармата, во која заедно со нејзиниот сопруг имаат план и да ја прошират.

„Работата на фармата е физички потешка од правната работа или во училницата, но мислам дека денес е тешко да се работи со луѓе. Тука и работното време може да се прилагоди, и јас особено уживам да бидам во природата. Се надевам дека на крајот ќе се вратат луѓето во селата и ќе бидеме во можност да вработиме и работници“, вели Снежана.