Археолозите го пронајдоа античкиот град Дебрец

Дебрца лежи врз древна цивилизација.Археолошките локалитети Требенишко кале и Требенишката некропола се само дел од богатствата со кои располага овој регион кои во иднина ќе се користат за развој на туризмот.

Градоначалникот Ногачески најави дека задружниот дом во Требеништа се планира да биде Дом на археолошкото наследство на Дебарца каде ќе бидат сместени сите вредни предмети.

Со истражувањата на Требенишкото кале откриени се остатоци на античкиот град Дебрец по чија местоположба трагаа македонските историчари и археолози повеќе од половина век.

Од Управата за заштита на културното наследство, велат дека ваквите знајачни локалитети треба да го добијат вистинското место во регионот.

ВИДЕО НА СИТЕЛ