Нови мали детали од животот на Никола Тесла – откриено што обожувал, а тоа никогаш не сме го виделе на ниту една фтографија

Сите можеме да се согласиме дека Никола Тесла е еден од најголемите научници на сите времиња.

Музејот „Никола Тесла“ е под заштита на УНЕСКО и тоа е големо културно наследство.

Во музејот за Никола Тесла се чуваат и неговите лични предмети па дури и оригиналната крштеница во која научникот е заведен со името Николај.

Тој по националност е Србин и потекнува од православно свештенско семејство.

Посетителите на музејот најмногу ги интригира големиот трансформатор кој на еден експресивен начин ја демонстрира силата и може да се види тој голем напон на струја, а интересни им се и индукционите мотори и неговите лични предмети, како што се одела, чевли…

Тесла бил многу елегантен, сите одела биле со иницијали и сакал скапи одела. Обожувал шешири, но негови фотографии на кои носи шешир нема, односно не се сочувани.