Научник кој работел во база за вонземјани го шокираше светот: „Еве од каде и како доаѓаат, а има и девет различни летала…“

Во текот на 1989-та година, човек со име Роберт С. Лазар ја контактирал локалната ТВ станица во Лас Вегас (KLAS) барајќи можност да ја изнесе својата приказна во јавноста.

Лазар тврдел дека работел како физичар на проект на владата со име Галилео кој во тоа време бил строго доверлив.

Проектот опфаќал инженеринг на вонземјанска технологија и истражувањето било спроведено во тајна база која се нарекувала S4 и која се наоѓа 16 километри јужно од „Област 51“.

Според описот на Лазар, S4 има вкупно девет авионски хангари сокриени во планината. Вратите на хангарите се изградени под посебен агол и исто така се камуфлирани со природен материјал.

Лазар тврдел дека видел девет различни вонземјански возила во базата и ги опишал техничките детали во врска со научната работа на погонот.

Неговата работа се занимавала со истражување на горива за леталата, елемент со атомки број 115.

Овој елемент поседувал необични особини кои им овозможувал на летечките чинии да го “искриват“ просторот околу нив. На овој начин, леталото поминувало огромни далечини со минимално физичко движење.

„Јас сум сигурен што видов. Знам што тврди официјалната наука и знам до каде сме ние со физиката денес. Ова е вонземјанско летало со технологија од 100 години пред нас и тоа е крај на приказната“ – рекол Лазар.

Лазар добил информации за историјата на вонземјаните на Земјата во последните 100.000 години. Вонземјаните доаѓаат од Zeta Reticul, ѕвезден систем и ги нарекуваат “Сиви“.

Лазар тврди дека кога се појавил во јавноста со ова објаснување, добил многу закани па дури и бил застрелан.

Неговите податоци се избришани и нема докази дека работел во Лос Аламос – Национална лабораторија.

Меѓутоа, неговото име се појавило во телефонскиот именик на научникот Лос Аламос и неговата фотографија во јули 1982-та година во издание на Los Alamos Monitor.

Доколку Лазар ја зборува вистината тогаш неговото сведочење може да го потврди она за кое се шпекулира многу години наназад.