Србинката Јелена се грижи за 13 трилиони долари во САД, од Србија заминала со 500 долари

Американката со српско потекло, како што сака да се претставува Јелена Меквилијамс , е дел од тимот на претседателот Доналд Трамп.

Таа е лично од него именувана за Претседател на американската Сојузна корпорација за осигурување на депозити каде лежат 13 трилиони долари, пишува РТС.

Како што објави српската државна телевизија, Јелена со 18 години отишла со 500 долари в џеб во Америка на размена на студенти и таму останала, основала семејство и изградила кариера.

Во интервју за новости.рс, Меквилијамс потенцира дека најдобро ќе ја претстави својата земја Србија во Америка , ако е добра Американка.

Својата држава ја претставува во Белград на 30 годишниот јубилеј на српската Агенција за осигурување на депозити и најавува соработка меѓу САД и Србија на планот на финансии и банкарство.

Мотив за работата со која се занимава ѝ била судбината на нејзиното семејство, кое во деведесетите години од минатиот век останало без своите заштеди откако се затвориле банките по распадот на Југославија.

Извор и фото: новости.рс, РТС