Три години затвор за Кичеец за Рекет

Казна затвор од три години  за примање награда доби Зоран Милевски – Кичеец, трерообвинетиот во случајот „Рекет“, кој вчера на почетокот на судењето го призна делото.

Првоосомничениот Бојан Јовановски и второосомбичената Катица Јанева се изјаснија дека не се виновни.

По признанието на Кичеец, судот ја одвои постапката, а рочиштето против Јанева и Боки 13 ќе продолжи на 6 декември.