Скопје денеска во првите 5 најзагадени градови во светот, Шилегов е 769 дена на власт

Скопје повторно се гуши во екстремно загаден воздух и надвор едвај се дише.

Според сајтот „World Air Quality Index” Скопје во топ 5 најзагадени градови на планетата.

Скопје прво беше на третата позиција според загаденоста на воздухот, па потоа на петтата.

Инаку градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов е на должност 769 дена, а од вкупните 39 ветувања во врска со загадувањето досега има остварено само 1 ветување, додека започнати се 19, но за жал никој не ги видел истите и не се знае дали ќе бидат остварени оваа зима…