МВР: Во тек е опсежна полициска акција, приведени се две лица

Од МВР вечерва потврдија дека се спороведува опсежна полициска акција и дека се приведени две лица, поврзани со пукањето во Александар Палас.

„Изминатото деноноќие полицијата превзеде оперативно такитчки активности со цел расветлување на настанот во Александар Палас. Приведени се две лица кои се поврзани со овој настан и со кои се обавуваат истражни разговори. Со оглед на тоа дека станува збор за опсежна полициска операција која е во тек, во овој момент детали нема да бидат соопштени“, велат од МВР.