Дознајте ги вашите права: 50% повисока дневница доколку работите за празниците

а Нова година дневниците треба да бидат празнични и повисоки за 50%

Како и секоја година така и оваа веројатно многумина македонски граѓани ќе работат за време на новогодишните и божиќните празници, па токму поради тоа мораат да бидат информирани за своите права. Иако досега во пракса ретко кога тоа сме го виделе, но работата за време на празници и викенди треба да биде дополнително платено од страна на работодавачот.

Според законот во Македонија доколку одговорните лица во приватниот или државниот сектор ги задолжат на работа своите вработени за време на државни празници како што се новогодишните и божиќните тие треба тоа да го пријават во Трудовата инспекција и да им исплатат празнична дневница на вработените, односно работникот има право на дополнителен надоместок на плата, но зголемена за 50%.

Доколку работодавачот не го испочитува законот и не го исплати овој надоместок или ги присили подоцна да го вратат, а при контрола од страна на трудовиот инспекторат е утврдено дека е направен ваков пропуст, тогаш следат големи казни во висина од 3.000 до 4.000 евра во денарска противвредност.