Република Науру го повлече признавањето на Косово

Република Науру од Пацификот го повлече призавањето на Косово, пренесе новинската агенција „Танјуг“.

Тоа е 17 држава која го повлекла признавањето.

Република Науру е островска земја со површина од само 21,3 километри квадратни. Под влијание на Австралија, Науру е меѓу првите кои го признаа Косово во април во 2008 година.

На островот живеат 12 племиња. Науру стекна независност во 1968 година.