Мајката на Пино: Mи е срам да кажам дека сум Македонка затоа што излегува дека во оваа држава таа што го уби моето дете има повеќе права

Судењето за убиството на Пино Секондо денес беше одложено, на барање на одбраната на обвинетата 22-годишна Ангела Ѓорѓиевска, соучесничка во убиството на Пино Секондо.

Нејзиниот адвокат Еленко Миланов, побара одложување за да може соодветно да се подготви за одбраната на обвинетата. Иако обвинителката Лидија Раичевиќ, оцени дека одбраната имала доволно време да се подготви, судот одлучи почетокот на судскиот процес да го одложи за 27-ми овој месец.

Мајката на убиениот Пино, Маја Трпковска  изјави дека нејзиното дете немало да се најде доколку не биле медиумите кои известуваа за ова и дека  останала без верба во судската правда за нејзиниот син.

„Не знам што да очекувам од овој судски процес, мене моето дете нема да ми се врати. Наредниот месец ќе се наврши година дена откако некој го има убиено моето дете и оставено животни да го јадат – рече мајката. Тоа што го најдоа не е тело, тоа се четири коски и сега мене ми е срам да кажам дека сум Македонка затоа што излегува дека во оваа држава таа што го уби моето дете има повеќе права. Додека јас протестирав, таа шест месеци седеше и леб јадеше“, изјави  Трпковска.

Мајката смета дека тука нема што да се суди зашто обвинетата веќе го признала делото. Исто така, таа рече дека ќе ги собере куферите и ќе си замине зашто повеќе не сака да присуствува на судењето и да го трпи ова, а за судот рече утрово влегла со полна доверба, но сега е разочарана.

Според обвинителството обвинeтaтa Анѓела го повикала сега пoчинaтиoт Пинета Секондо Пино, и договорила да се сретнат на насипот во населбата Ѓорче Петров каде што веќе бил пристигнат Али Фуркан, осомничен  за убиството кој со возило „опел аскона“ во кое со себе носел огнeно opyжје – пyшкa

Али Фуркан го оставил неговото возило на насипот и седнал да управува со автомобилот Шкода со кое до насипот дошол Пино.

Со возилото управувал Али Фуркан, до него на совозачкото седиште седела Анѓела а Пино седнал на задно седиште.

Тројцата се упатиле по обиколница кон атарот на селото Арачиново и во една нива започнале најпрвин вeрбална pacправија, а потоа и тeпaчка. Во еден момент ocoмничениот со пyшкaта го зacтpeлал во главата оштeтeниoт Пино Секондо.

„Притоа, обвинетата дала особен придонес кон извршување на делото, така што овозможила да се сретнат, иако знаела за нивната меѓусебна нетрпеливост. Таа го повикала оштетениот, била присутна во моментот на неговото лишување од живот, а потоа заедно со другиот осомничен го ставиле телото на починатиот во багажникот на возилото. Заедно тие се упатиле кон гробиштата во селото Сингелиќ, а потоа се движеле низ планината кон Љуботен. На едно место здогледале дупка, па обвинетата и нејзиниот соизвршител го оставиле телото во дупката, покривајќи го со ќебе” соопштуваат од Основното јавно обвинителство.

И по неколку месеци од разоткривање на случајот се уште не се знае дали е пронајдено возилото на Пино но и пушката со која тој е убиен.

За потсетување, мајката на Пино од декември минатата година, неколку пати организираше протести пред Собранието, а нејзиниот син го бараше и Интерпол.

Пинета Секондо, беше исчезнат од 11.12.2018 година, а беше пријавен од страна на неговата мајка, во ПС при СВР Скопје. На 29.04.2019 година во Единицата за известување и команда во Скопје од страна на непознат граѓанин, беше пријавено е дека на место викано Башинец во атарот на с.Љуботен пронајден е човечки скелет покриен со камења.

На 30.05.2019 година второпријавената А.Ѓ. е лишена од слобода во просториите на СВР Скопје, но набрзо потоа беше пуштена. Ангела била исто така на полиграф но го поминала.

Граѓаните коментираат зошто убивањето на македонските деца станува неказнето, со оглед на тоа што ниту убијците на децата од Смилковско езеро, убиецот на Пино Секонде, како и Никола Саздовски се на слобода.

Се претпоставува дека сите тие се на Косово, со кого и оваа како и претходната власт тврди дека има добри односи, што е повеќе од чудно со оглед на фактот дека во него се заштитени убијци на деца.