Три сестри родиле родиле четири деца во ист ден: Првото од последното одвоени само половина час

Во најстарата болница породилишта во Црна Гора, „Данило Први“ во Цетиње, три сестри Оливера, Јасна и Јелена, во петокот,на свет донеле четири деца, во периодод половина час.

Прва во салата за породување во 9 часот наутро, влегла Оливера, која го родила Стефан, по што нејзината сестра близначка Јасна ги родила близнаците Урош и Ања, а во 11 часот „серијалот“ го завршила Јелена која на свет ја донела Дарија.

Гинеколошкиот тим го водел Предраг Јововиќ, со уште двајца гинеколози, анестезиолог и педијатар, во сите три породувања.
„Раѓањата поминаа добро. Мајчките и нивните деца се добри“, рекол Јововиќ.

По успешно завршената работа, директорот на општата болница „Данило Први“, Соња Радојичиќ, објавила дека нејзиниот гинеколошки и акушерски оддел докажал дека нејзината тимска работа и организација може да бидат добра услуга за граѓаните на Цетиње и Црна Гора.
Според медиумите, најсреќна денес е Мара Мугоња, мајка на трите родилки, која добила четири внуци во еден ден.