Апел за помош за малиот Јане од Зрновци

Да му помогнеме на детенцето Јане онолку колку можеме сите… споделете и донирајте за Јане, кој има 6 годинки, кој знае дека е болен но има многу надеж во него…

Јане треба да замине што поскоро на лекување во Турција и да ни се врати жив и здрав…За Јане, за неговото лекување со цел да му го продолжиме неговото детство! Бидете хумани, донирајте за Јане! Да спасиме еден детски зивот! Наскоро и броеви за дониранје преку мобилен телефон, во прилог ви ја споделуваме медицинската потврда и сметката за уплата на донации за Јане од Македонија и надвор од Македонија !

Јане ќе ја победи битката, на нас останува колку можеме повеке да собереме средства за лекување!

Во моментот поради појава на компликации кај Јане функцијата на бубрезите е откажана и мора да лежи врзан за кревет, родителот Игор отвори девизна сметка на која ќе можат да уплаќаат и оние кои се надвор од државата!
Ве молам и од име на родителот на Јане а и лично од мое име да се сплотиме и да помогнеме да спасиме еден млад живот. Да не оставиме Јане Николов од Зрновци да ја води сам битката заедно со неговите најблиски!

Потсетување денарска сметка за луѓе во Македонија е следната 290500018338167 , ТТК банка