Хрватска ги укинува квотите, ширум отворени вратите за странските работници

Годишните квоти за увоз на странски работниви кои до сега ги одредуваше Владата на Хрватска заминуваат во историјата.

Работодавците од Хррватска во иднина ќе вработуваат странски работници врз темел на пазарот на труд кој го спроведува Хрватските завод за вработување.

Како што пишува „Вечерњи лист“, ова произлегува од Законот за странци, кој е во јавно советување од минатата недела.

Значи проверките ги врши Хрватскиот завод за вработување, според новиот закон, работодавецот кој сака да вработи странски работник ќе се обрати на регионалната служба за вработувањем која ќе провери во евиденциите дали има квалификувани работници, но ако нема, работниците ќе се најдуваат во странство, а Министерството за внатрешни работи ќе издаде дозволи за нив.

Сепак пазарните услови ќе диктираат потреба за сезонски работници во земјоделството.