Тинејџер постојано играл видеоигри за време на распустот, неговиот татко го пронашол мртов на подот

Tинејџер oд Tајланд починал на компјутер откако цел ден играл видеоигри за време на училишниот распуст.

Пијават Харикун (17) завршил со наставата на крајот на октомври и слободното време го искористил да игра видеоигри на компјутер во неговата соба.

Неговите родители рекле дека понекогаш останувал буден цела ноќ, а потоа ги навлекувал завесите во текот на денот и продолжувал да игра. Тие му носеле храна во собата и го убедувале да престане, но тој не сакал да престане со својата опсесија.

Таткото на момчето, Јаранвит, влегол во неговата соба во понеделникот попладне и го нашол синот како лежи на подот. На масата имало куп празни кутии од испорака на храна, шишиња енергетски пијалаци, а слушалките му биле на компјутерот.

Јаранвит рече дека се обидел да го оживее својот син, но тој веќе бил мртов.

Аутопсијата покажала дека тинејџерот починал од мозочен удар, за кој веруваат дека бил предизвикан од постојано играње на компјутер во текот на ноќта.

Јаранвит призна дека неговиот син бил зависник од игри и ги предупреди другите родители да не дозволуваат нивните деца да станат такви.