Адвокатката Ивановска: Многу е чудно, кога биле фатени двајцата во Косово, зошто не биле екстрадирани

Адвокатката на семејствата на жртвите од Смилковското езеро, Дафинка Ивановска, по денешното рочиште, рече дека не виделе ништо суштинско во објавените бомби освен  дека се покажува дека власта влијаела дали и кога да се одржуваат рочиштата за „Монструм“ и за тоа зошто нема екстрадиција од Косово.

„Многу е чудно, кога биле фатени двајцата во Косово, знаете за кого станува збор, зошто понатаму не продолжила екстрадицијата. Исто така слушнавме дека би било добро разговорот на министерката Јанкулоска, всушност предметот од тогашниот министер за правда Блерим Беџети да се прати, значи барањето до косовското Министерство за правда како што е постапката и редот да се побрза, меѓутоа за екстрадицијата ќе се договореле, имало време, меѓутоа сведоци сме до ден денес за жал до таа екстрадиција не дојде“,  изјави Ивановска.