Најбрзиот воз во светот: Кинеската „молња“ побрза и од јапонскиот „куршум“ (ВИДЕО)

Кинезите го промовираа најбрзиот воз во светот. Тоа е „Шангај Маглев“, кој треба да развие брзина од 600 километри на час. Првите патници ќе се возат за две години. Моментално овој проект се тестира помеѓу шангајскиот аеродром и градот, а брзината која ја достигнува е околу 430 км/ч.

Иднината на железничкиот сообраќај е воз со технологија на магнетна левитација кој носи ознака „маглев“, сметаат Кинезите. Тој не се движи по шини туку лебди на магнетно поле над пругата по која се движи.

Поради тоа возот има помал отпор и благодарение на силните електрични мотори може да развие неверојатна брзина. Возот моментално постигнува максимална брзина од 431 км/ч., а оддалеченоста од 30 километри ја поминува за седум минути.

Меѓутоа, овој проект е многу скап, чини околу 1,2 милијарди долари. Но, Кинезите не се откажуваат. Првпат патниците ќе се возат со овој воз во 2021-та година.

Уште не е познато по која релација ќе се одвива сообраќајот на хипербрзиот воз. Секако дека Кинезите најмногу ја сакаат линијата Шангај – Пекинг, која со овој воз ќе се одвива многу побрзо отколку со авион.

Патувањето со авион, на истата релација, вклучувајќи и чекање на аеродром кое трае околу четири часа, а со овој супер брз воз истото патување би траело еден час помалку. Најголемата препрека и понатаму се екстремно високите трошоци за инфраструктура.