Директорот Џеват Исени со пиштол на свадба (ВИДЕО)

Претседателот на бордот на директори на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, Џеват Исени, се пофали со скандалозна снимка, на која се гледа како на свадбена веселба се појавува со пиштол во појасот.

Снимката што ја објави телевизијата Канал 5, тој ја споделил самиот на социјалните мрежи и на неа јасно се гледа дека во појасот носи пиштол, иако според закон забрането е носење на огнено оружје на јавно место.

Нема информации дали оружјето било користено на веселбата.