Во Хрватска Албанците се изјаснуваат како Хрвати или муслимани

Во Хрватска живеат околу 30.000 Албанци, но околу 19.000 се регистрирани како припадници на оваа националност. Другите, поради процедурата за добивање државјанство или од економски причини, се изјаснуваат како Хрвати или муслимани, изјави Ермина Лекај- Перласкај, пратеничка од албанското малцинство во хрватскиот парламент.

Мнозинството Албанци што живеат во Хрватска се концентрирани во Загреб и во градовите на приморјето. Тие главно се занимаваат со занаетчиство.
Во Загреб е формирана група за пријателство „Косово-Хрватска“. Во 17 училишта во Хрватска е организирана дополнителна настава на албански јазик, но недостигаат наставници за редовна настава, пренесе Танјуг.