Европски метеоролози предупредуваат: Идната недела доаѓа смртоносен бран со 49 степени

Многу топло време ја очекува Европа идната недела.

Европски климатолози и метеоролози предупредуваат на „потенцијално историски смртоносен бран кој ќе се рашири низ Европа“.

Силвиа Лаплана, многу познатиот метеоролог во Шпанија, на својот Твитер профил напишала дека „пеколот доаѓа“.

Таа објави мапа на Шпанија каде се предвидува температурите да достигнат до 49 степени Целзиусови во наредните денови.

Следната недела може да се случи во Европа да има нов топлотен бран и тоа како оној во 2003 година. Тоа лето климатолозите, метеоролозите и медицинските итни служби го паметат по 15.000 мртви лица само во Франција.