Заев: Дали ќе има реконструкција на Влада или предвремени избори ќе зависи од одлуката на Европскиот совет

Политичките одлуки во земјата за тоа дали ќе има реконструкција на Влада или предвремени избори ќе зависат од одлуката на Европскиот совет и како европските земји ќе ги постават работите, како и од пораките што ќе ги добиеме од германската канцеларка Ангела Меркел на претстојната средба во четврток во Берлин изјави денеска премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција во Владата со неговиот чешки колега Андреј Бабиш.

-Денеска добивме сериозно охрабрување од земја членка која е прилично влијателна во ЕУ посебно во новите консталации во политичкиот дел и поставеноста на Алте груп, но и од Германија и пораката што ќе ја добиеме од канцеларката Ангела Меркел и јасното соопштување за извесните чекори коишто ќе дојдат така ќе ги носиме одлуките дома. Нема дилеми дека ќе добиеме датум за преговори, важно тоа е да биде порано. Важно е да знае ЕУ дека таа за нас е атрактивна затоа што секогаш покажала мудрост да ги прави реформите внатре,но и да го држи процесот отворен за привлекување на новите земји кандидати за членство во ЕУ и верувам дека тоа ќе се случи. Оваа мотивација од ЕУ за нас е важна за да продолжиме понатаму, рече Заев на новинарско прашање дали има донесено одлука за која од трите можни опции (реконструкција на Владата, предвремени парламентарни избори, враќање на мандатот) се одлучил, а кои тој претходно ги најави во случај да не добиеме датум за преговори.
Тој рече дека по средбата во четврток, веројатно следниот викенд ќе следи седница на централниот одбор на СДСМ, дека се постојано во координација со коалициските партнери и во зависност од одлуката на парламентарното мнозинство и дали тоа ќе се одржи така ќе ги носат одлуките.