Заев најави зголемување на пензиите

Кога економијата расте над четири отсто и го достигнува потенцијалот тогаш и пензиите растат и тоа е фер. Денеска на прес-конференција ќе соопштиме дека БДП за првиот квартал од оваа година е 4,1 отсто, што значи дека ќе има динамично растење на пензиите и ако продолжиме со овој тренд тоа значи дека покрај редовното усогласување со трошоците на живот ќе имаме димензионирано сериозно растење на пензиите затоа што вкупната вработливост лани, односно од првиот квартал 2018 до 2019 година се вработени нови 40 илјади луѓе“. Фондот за пензиско во приходите расте со 8 отсто, а тоа значи покачување на вашите пензии, рече премиерот Заев.

Пензионерите, според премиерот, се нашите најзаслужни граѓани бидејќи активно учествувале во изградбата на државата. Потсети дека Владата и Министерството за труд и социјална политика ги исправиле, како што кажа, неправдите и сега два пати годишно има усогласување на пензиите со трошоците на живот.

„Ова законско усоглаување од една страна ги усогласува пензиите со трошоците на живот, од друга страна го штити Фондот за пензинско и инвалидско осигурување за да можат и идните генерации пензионери да очекуваат стабилни и навремени исплати на пензиите. Растот на пензиите сега е поставен на реални основи и се врзува на економскиот раст“, рече премиерот.