Погледнете како изгледа денес „Градот на духовите“: Никогаш повеќе овде нема да живее никој (ВИДЕО)

Припјад е град во Украина, каде што живееле работниците вработени во нуклеарната централа Чернобил. По катастрофата во 1986 година, градот е целосно напуштен.

„Градот на духовите“ е омилена дестинација на многу фотографи и сниматели кои сакаат да ги фотографираат овие сцени.

Овој град некогаш беше дом на повеќе од 50.000 луѓе, од 25 различни националности, а повеќе од 30 години овде не живее никој.