МАРШ НА ГОРДОСТА! – Мајки со дечиња!

Сабота, 29-ти јуни во 18:30 ч Маршута: Св. Богородица (спроти МНР)-Плоштад Македонија Загрижени за демографската катастрофа во која се наоѓа Република Македонија, се со цел алармирање и освестување на јавноста за тешката демографска состојба во која се наоѓа државата, ве повикуваме на марш на гордоста. Иднината на Република Македонија е значително доведена во прашање поради нискиот наталитет. Република Македонија се повеќе старее, доколку во 1952 се раѓале по 51 054 деца, во 2018 се родени само 21 666 деца. Наталитетот изнесува само 1.4, а за останок на една нација се потребно е да се раѓаат по 2.1 деца во едно семејство. Ваквата ситуација предизвикува далекусежни политички, економски и демографски проблеми. Исто така, најсериозни последици од ваквата ситуација ќе имаат токму младите муѓе на возраст во дваесеттите години, бидејќи токму тие не ќе можат да добиваат пензии кога ќе дојде денот да се пенсионираат. Токму оваа генерација најмногу ќе страда бидејќи ќе треба да работи до 72 години и пензискиот фонд ќе биде празен. Се со цел на алармирање на јавноста од лошите последици од тешката демографска ситуација, ве повикуваме да се приклучите на маршот на гордоста – Сабота, 29ти јуни во 18:30 ч пред Црквата “Св. Богородица”.
МАРШ НА ГОРДОСТА! – Мајки со дечиња!