Пратеничка прикажала фотографии од порно сајт и тврдела дека тоа се Срби кои силуваат Албанка

Фљора Бровина, пратеничка во косовското Собрание од владеачката ДПК, денеска признала дека фотографиите кои ги прикажа во законодавниот дом, а за кои тврдеше дека се доказ како српски војници силуваат Албанка, се лажни.

Во медиумите имаше информации дека Бровина покажала и фотографии кои покажуваат како српски војници силуваат седумгодишно девојче. Денеска се покажа дека сето тоа било лага.

Бровина денеска била сослушана во косовската полиција во врска со нејзините тврдења. Таа рекла дека фотографиите се од 2003 година, дека ги добила од човек на кого не се сеќава и дека не мислела дека можат да бидат лажни.

По ова, неколку косовски медиуми објавија дека фотографијата е веројатно сцена од порнографски филм, пронајден на интернет-сајтови во Ирак, кои го користат како пропаганден материјал за да ги обвинат американските војници за наводно силување на ирачките жени.

Но, ова е еден доказ како се создаваат лажни случаи и изговори за сатанизирање на една држава. Замислете само по нејзиниот настап во косовскиот парламент, со изјави да ја поддржеа неколкумна западни амбасадори и случајот, односно тврдењата на Бровина да се најдеа на насловните страници или во ударните вести на повеќе западни медиуми. Од тој чекор, до бомбардирање на таа држава останува само малку.