Минарето на Али-пашината џамија во Охрид продолжува да се гради, без потребните дозволи

Охриѓани велат дека е кренат уште еден кат, а од зелената ограда поставена околу минарето не се гледа конструкцијата. Градежните активности кусо беа прекинати само од лошите временски услови, но не и од инспекциските служби.

За изградба на минарето, треба да се издаде дозвола за градба од ресорното министерство, во спротивно тоа ќе треба да се отстрани.

Премиерот Зоран Заев вети дека ќе се сопре со градење на дивоградбата на Али-пашината џамија.